Писмо од Груевски до Обама по повод 11 септември

Премиерот Никола Груевски.

Премиерот Никола Груевски испратил писмо до американскиот претседател Барак Обама по повод 11годишнината од нападите на 11 септември 2001 година. Во писмото Груевски во името на Владата на Македонија и во свое лично име, го изразува жалењето за загубените животи на тој ден. Во писмото се наведува и подготвеноста на Македонија и натаму да го презема својот дел на одговорноста во справувањето со сите форми на загрозување на мирот и сигурноста на глобален план.