Повторно одложено судењето против Тимошенко

Судот во Харков денеска повторно го одложи судскиот процес против поранешната премиерка на Украина Јулија Тимошенко за даночно затајување, бидејки таа не се појави во суднициата поради здравствени причини. Ново рочиште е закажано за 15-ти октомври. Тимошенко е на издржување казна затвор од 7 години за злоупотреба на службената положба. Нејзините подржувачи тврдат дека судските процеси против Тимошенко се политички мотивирани.