Ахтисари-ЕУ и натаму ќе врши контроли на Косово

Поранешниот специјален пратеник на генералниот секретар на ОН во преговорите за статусот на Косово, Марти Ахтисари

Поранешниот специјален пратеник на генералниот секретар на ОН во преговорите за статусот на Косово, Марти Ахтисари оцени дека успехот на Косово и во Србија нема да биде постигнат со ракување и наслови во вести, туку со континуирана посветеност за спроведување на планот кој секогаш давал резултати на терен во Косово. На косовските власти им порача дека Косово и натаму ќе биде предмет на контроли од страна на ЕУ со извештаи за напредокот.
Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај изјави за бриселскиот портал „ЕУопсервер“ дека завршувањето на надгледуваната независност на Косово значи и дека поделбата повеќе не е на дневен ред.