САД ја предаде контролата врз затворот Баграм на Авганистан

Затворот Баграм

САД ја предадоа контролата врз контроверзниот затвор Баграм на авганистанските власти. Команданот на авганистанската воена полиција Сафиулах Сафи потврди дека 3182 затвореници се предадени на неговиот одел.
Авганистан и САД во март потпишаа договор според кој во рок од шест месеци требаше да се направи пренос на контролата на затвор, кој се наоѓа северно од Кабул. САД се соочуваат со обвинувања дека таму затворениците биле измачувани и убивани.