Нови докази за прекривањето на масакрот во Катин

Филм за масакрот во Катин

Нови докази со кои се поткрепува верувањето дека американските власти помогнале да се скрие одговорноста на Советскиот сојуз за масакрот во Катин во 1940 година, кога загинаа 22 илјади Полјаци се појавија во јавноста. Асошиејтед Прес јави дека документите кои беа објавени од страна на американскиот национален архив ги покренале сомневањата дека САД не сакале да предизвикаат гнев кај нивниот ривал Јозеф Сталин.
Документите покажуваат дека американските воени затвореници испраќале кодирани пораки до Вашингтон во 1943 година дека виделе тела во распаѓање во Катинската шума во западна Русија.