Во експлозија на автомобил бомба загинаа 10 лица во Пакистан

Во експлозија на автомобил бомба на еден пазар во северозапданиот дел на Пакистан загинаа најмалку 10 лица, а повеќе од 20 се повредени. Експлозијата се случила на пазарот Кашмир во Курам.
Никој не презеде одговорност за нападот, но најчесто Талибанците извршуваат напади во тој регион поради несогласувањата меѓу сунитските и шиитските муслимани.