Обама- крајот на надгледуваната независност на Косово е „историски настан“

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави крајот на надгледуваната независност на Косово и го нарече „историски настан“. Во писмена изјава Обама рече дека Косово има направено значителен напредок во зацврстувањето на придобивките од независноста и во градењето на институциите на модерна, мултиетничка, инклузивна и демократска држава. Косово направи уште еден чекор кон целосен суверенитет откако денеска Меѓународната управувачка група го објави крајот на нивниот надзор.