Во Јемен убиен еден од командантите на Ал Каеда

Беспилотно летало.

Јеменските вооружените сили убиле еден од командантите на Ал Каеда, Саид Ал-Шехри, соопштуваат јеменските власти. На сајтот на Министерството за одбрана стои дека Шехри кој е втор човек на организацијата на Арапскиот полуостров, заедно со шест други милитанти биле убиени во операцијата на Армијата во источен Јемен, каде владата се бори со милитантите веќе со месеци. Шехри е државјанин на Саудиска Арабија и беше ослободен од Гвантанамо во 2007 година.
Според Вашингтон, огранокот на Ал Каеда на Арапскиот Полуостров е најопасно крило на исламистичката милитантна мрежа. САД користи беспилотни летала за справување со членовите на групата.