Сирија на дневен ред на Советот на ОН за човекови права

Бегалци од Хомс, Сирија

Ситуацијата во Сирија денеска е главна тема на 21 заседание на Советот на Обединетите нации за човекови права во Женева на кое ќе учествува и генералниот секретар Бан ки Мун, како и активисти за заштита на човековите права. Меѓународната истражна комисија во минатиот месец ги осуди воените злосторства во Сирија и за тоа ги обвини и режимските војници и опозициските сили.