Франција - Економски раст под 1 процент

Францускиот претседател Франсоа Оланд.

Францускиот претседател Франсоа Оланд ги ревидираше прогнозите за економски раст за следната година од првичните 1,2 отсто на 0,8 отсто. Оланд рече дека побарал од неговата Влада да подготви буџет врз основа на новите предвидувања. Тој рече дека со зголемување на даноците ќе се обезбедат најголем дел од дополнителните 30 милијарди евра потребни за дефицитот следната година да се намали на 3 проценти.