Ромни - Иран е „најголемиот неуспех“ на претседателот Обама

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Мит Ромни.

Републиканскиот кандидат за претседател на САД, Мит Ромни изјави дека Иран е „најголемиот неуспех“ на претседателот Барак Обама. Ромни вети многу поинаков пристап ако тој победи на изборите во ноември, но не прецизира како точно ќе ја заостри политиката кон Техеран, во време кога замреа преговорите за спорната нуклеарна програма на Иран. Додека преговорите меѓу Иран и Западот стагнираат, Техеран се соочува со најстрогите санкции од страна на САД, ЕУ и Израел.