Казахстан и нафтените компании систематски ги кршат работничките права

Жанаозен.

Организацијата Хјуман рајтс воч ја обвини владата на Казахстан и нафтените фирми дека систематски ги кршат правата на илјадници работници. Во извештајот објавен денеска се наведува дека минатогодишните настани кога загинаа работници кои штрајкуваа само говорат за непочитување на правата на работниците и другите човекови права. Во западниот град Жанаозен, полицијата застрела најмалку 16 луѓе во декември минатата година по долгиот протест на нафтените работници кои беа отпуштени откако штрајкува.

Извештајот е насочен кон тоа како властите и нафтените компании кои водат заеднички бизниси со партнери од Кина и Италија се справиле со работниците кои штрајкуваат.

Од организацијата повикуваат Казахстан да го усогласи своето трудово законодавство во согласност со меѓународните норми и ги повика деловните партнери, особено оние од Европската унија, да не замижуваат пред злоупотребите на работниците, како и тоа да работат на подобрување на човековите права во земјата.