Нема потреба од нова истрага околу смртта на Јасер Арафат

Јасер Арафат и неговата жена Суха, 29 октомври 2004.

Фондацијата „Јасер Арафат“ денеска соопшти дека нема потреба од нова истрага околу смртта на поранешниот палестински лидер, за кој постоеше сомневање дека е отруен. Од Фондацијата ја критикуваа и вдовицата на Арафат која побара ексхумација на неговото тело и повторна обдукција.
Претседателот на Фондацијата, Насер ел Кидва вели дека тие од почетокот се сомневале дека тој не починал од природна смрт и дека е отруен и затоа нема потреба од повторна истрага. Ел Кидва неодамна го обвини Израел дека тие го отруле Арафат со полониум и додаде дека на одговорните за убиството мора да им се суди.
Вдовицата на Арафат која живее во странство, побара од француските власт да ја истражат тезата за евентуалното труење на Арафат.