Ал Џезира вторпат хакирана за една недела

Ал Џезира соопшти дека втор пат неделава се хакирани нивните услуги. Овојпат била хакирана станицата базирана во Катар. Хакерите успале да пласираат лажни вести преку услугата вести на мобилен телефон. Една про-Дамаск група позната како сириска електронска армија ја презеде одговорноста за нападите на телевизијата. Во една од вестите пласирани од хакерите, се вели дека премиерот на Катар избегнал обид за атентат.
Хакери „закачија“ про-сириска изјава на веб-страницата на Ал Џезира минатата недела. Катар е остар критичар на сирискиот режим и еден од водечките поддржувач на бунтовниците.