Евреите и муслиманите заедно во одбрана на обрежувањето

Церемонија на обрежување.

Неколку стотици Евреи и муслимани денеска маршираа заедно во Берлин во знак на протест поради одлуката на судот за обрежувањето. Во јуни германскиот суд одлучи дека обрежувањето предизвикува „незаконски телесни повреди.“ Минатата недела, германската влада рече дека нема да ги гонат докторите кои вршат обрежување според еврејската и муслиманската традиција, но дека нема да бидат поштедени „професионалните“обрежувачи.

Според правилата на владата, секој родител ќе треба да даде писмена дозвола откако ќе биде информиран за ризиците од обрежувањето, исто така ќе треба да достават и доказ за „религиозната мотивација“ за процедурата.

Еврејската заедница во Германија го отфрли планот на владата. Германија е дом на околу 4 милиони муслимани и на околу 200 илјади Евреи.