Германија против нуклеарното наоружување на Иран

Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле.

Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле денеска изјави дека нуклеарно наоружен Иран „не е опција.“ Говорејќи во Ерусалим пред средбата со израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак, Вестервеле го повика Техеран да се вклучи во преговорите за неговата спорна нуклеарна програма. Голем дел од меѓународната заедница верува дека Иран се обидува да произведе нуклеарно оружје, додека Техеран тврди дека нејзината програма е исклучиво за мирољубиви цели.
Вестервеле истакна дека се уште постои простoр за дипломатија, но рече дека меѓународната заедница ќе продолжи со санкциите и друг вид на притисок врз Иран.
Во меѓувреме иранската валута падна на рекордно ниско ниво во однос на американскиот долар, достигнувајќи стапка од 24.000 риали за еден долар. Риалот опадна за 10 отсто од 5 септември, кога иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад рече дека санкциите предизвикуваат „проблеми“.