Ирак- потпретседателот Хашеми осуден на смрт

Тарек ал Хашеми.

Ирачкиот суд денеска го осуди на смрт со бесење потпретседателот Тарек ал Хашеми кој е во бегство. На смрт се осудени и секретарот на Хашеми и неговиот зет. Хашеми и неговите соработници се обвинети за тероризам, за убиство на еден генерал и на еден адвокат, а исто така против Хашеми се водат и околу 150 други дела. Тој вели дека процесот против него е политички мотивирани за одмазда од страна на владејачкото шиитско мнозинство. Според некои извори, Хашеми се крие во Турција или во Доха.