ЕУ дополнително ќе ги зајакне санкциите кон Иран

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија ја повторија својата намера дополнително да ги заострат санкции против Иран поради неговата нуклеарна програма. Италијанскиот министер за надворешни работи Џулио Терзи по дводневниот состанок на министрите во Кипар, изјави дека се работи за безбедноста на граѓаните и дека посоти потенцијална закана од нуклеарното наоружување на Иран.
Германскиот министер за надворешни работи, Гвидо Вестервеле, изјави дека ако Техеран развиен нуклеарна бомба, тоа најверојатно, ќе доведе до нова глобалната трка по наоружување.