Оланд го одликуваше Пол Макартни со Легија на честа

Пол Макартни.

Францускиот претседател Франсоа Оланд го одликуваше поранешниот член на Битлси Пол Макартни со наградата Легија на честа за неговите заслуги за музиката. На церемонијата во Елисејската палата во Париз присуствувале и членови на семејството на 70-годишниот Макартни.

Легијата на честа е највисоката француска јавна награда, која за првпат ја вовел Наполеон Бонапарта во 1802 година. Макартни во Велика Британија веќе е прогласен за витез од страна на кралицата Елизабета за неговиот придонес во револуцијата на популарната музика.