ЕУ- потребни се построги санкции за Сирија

Сирискиот претседател Башар ал Асад.

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска се согласија за потребата да се зајакнат санкциите против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.
На состанокот во Кипар, министрите побара шефот за надворешна политика Кетрин Ештон да подготви нова рунда на мерки од октомври.
Кипарскиот министер за надворешни работи Ерато Козаку Марколис, кој е домаќин на разговорите, рече дека министрите се согласија и да се зголеми хуманитарната помош за жртвите на насилството во Сирија.
Според сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, во конфликтот во Сирија досега загинале повеќе од 26 илјади луѓе.