Најмалку шестмина загинати во бомбашки напад во Кабул

Архивска фотографија.

Најмалку шестмина луѓе загинале, а уште пет се повредени во напад на бомбаш самоубиец врз седиштето на НАТО во Кабул. Шефот на тамошната полиција Ајоб Саланги изјави дека експлозијата се случила пред Авганистанскиот филмски институт во главниот град, каде што се наоѓа седиштето на силите за помош на НАТО, американската амбасада и седиштата на други дипломатски мисии. Нападот се случил во време кога владини функционери се собраа во Кабул по повод 11 години од смртта на анти-талибанскиот командант Ахмад Шах Масуд, кој умре два дена пред нападот на 11 септември на кулите близначки во САД.