Во САД помалку нови работни места од очекуваното

архива

Во најновите статистички податоци се наведува дека во минатиот месец во Соединетите држави биле отворени 96 илјади нови работни места што е помалку од очекуваните 125 илјади. Тоа укажува на забавување на вработувањето во најголемата светска економија. Во приватниот сектор во август биле отворени 103 илјади работни места, додека во јавниот сектор бројот на работните места бил намален за седум илјади.