Крај на надгледуваната независност на Косово

косовскиот премиер Хашим Тачи

„Денеска е историски ден за Косово. Ова е ден кога Косово се зацврстува и консолидира и кога почнува интеграцијата во Европската унија како демократска и мултиетничка држава“. Ова го оцени косовскиот премиер Хашим Тачи откако парламентот во Приштина денеска гласаше за изменување на Уставот со цел да се овозможи затворање на Меѓународната цивилна канцеларија, орган што беше формиран по отцепувањето од Србија во 2008 година. Инаку денеска во општината Зубин Поток, во северниот дел на Косово, со автоматско оружје беше нападнат конвој на ЕУ, при што полесно бил повреден припадник на косовската полициска служба.