Акциите на светските берзи се зголемија

Акциите на светските берзи се зголемија откако Европската централна банка (ЕЦБ) ја претстави програмата со која би можело да се купат обврзници од земјите од еврозоната што се зафатени со кризата, во обид да ги смири стравувањата на колапс на еврото. ЕЦБ соопшти дека ќе купи обврзници од неколку задолжени држави на Унијата, во обид да се елиминираат нивните трошоци за позајмување. Програмата за купување државни обврзници на секундарниот пазар е наречена Непосредни монетарни трансакции. Аналитичарите објаснуваат дека објавата на ЕЦБ го зголемила моралот кај инвеститорите и дека тие се посигурни да инвестираат во поризични средства.