Армстронг ќе биде погребан во море

Првиот човек кој стапна на месечината, американецот Нил Армстронг ќе биде погребан во море, изјавил портпаролот на семејствотро, не наведувајќи повеќе детали околу времето и точното место. Јавната меморијална служба е закажана за 13 септември во Националната катедрала во Вашингтон и истата ќе биде пренесувана во живо од телевизијата НАСА. Приватната служба за Армстронг, кој почина на 83 годишна возраст од компликации по кардиоваскуларна операција, беше одржана во Охајо.