Блокирани сметките на над 100 физички и правни лица во Грција

Грчките финансиски органи блокираа банкарски сметки, акции и недвижна сопственост на 121 физички и правни лица, кои на државата и должат милиони евра под форма на неплатени даноци, соопшти министерот за финансии Јанис Стурнарас, пренесоа агенциите.
-Изгубено е трпението кон оние кои не плаќаат даноци, независно од тоа каква позиција заземаат, изјави Стурнарас.
Специјалната служба за борба со економскиот криминал на Министерството за финансии добила конкретни насоки за блокирање на имотот на оние кои крадат од државата и од самите граѓани, кои се лишени од многу нешта заради незабележената криза.
Акцијата е прва во новата кампања на грчката влада за борба со прикривањето даноци, што како појава цветаше во оваа земја со децении наназад.