Шпанија и Германија одлучни во решавањето на кризата

Германската канцеларка Ангела Меркел.

Шпанија и Германија ќе направат се што е неопходно дефинитивно да се реши кризата со еврото, рече шпанскиот премиер Маријано Рахој, по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел.
Сакаме да го отргнеме секој сомнеж од проектот евро, рече Рахој. А Меркел изјави дека треба повторно да се врати довербата во еврото. Рахој изјави дека Шпанија не побарала финансиска помош од ЕУ, но одби да ги коментира новите мерки на Европската централна Банка.