ЕП на 12 септември ќе ја разгледа политичката ситуација во Романија

Премиерот на Романија, Виктор Понта.

Европскиот парламемт на 12 септември ќе ја разгледа политичката ситуација во Романија, изјавија од опозициската Демократско-либерална партија во Романија.

Европската народна партија го побарала ова разгледување и барањето било прифатено на конференција на шефовите на парламентарни групи во ЕП.


Владата на Демократско-либерална партија во Романија беше сменета по изгласување недоверба во парламентот кон крајот на април оваа година, по што на власт дојде нова влада формирана од левоцентристичката Социјал-либерална унија.

Новиот кабинет, предводен од премиерот и лидер на Социјалдемократската партија Виктор Понта има сериозни несогласувања со шефот на државата Трајан Басеску.
Политичката борба меѓу Басеску и левоцетристилката Влада предизвика паника во ЕУ и САД.