Девојче пронајдено живо под труповите на убиеното семејство

Француската полиција соопшти дека пронашле четиригодишно девојче во автомобил во кој биле најдени уште три тела на убиени луѓе. Девојчето било пронајдено живо под труповите. Се претпоставува дека телата пронајдени во автомобилоt со британска регистрација се Британци и се родителите и бабата на девојчето. Тие беа пронајдени во близина на езерото Анси, популарна туристичка дестинација на француските Алпи. Мотивот за убиствата останува нејасен.