Судири меѓу полициските сили во Атина

Грчката полиција за борба со безредија денеска се судри во полицајци кои протестираа поради најавеното намалување на платите.

Судирот настанал меѓу членови на Асоцијацијата на грчките полицајци и полициските сили за борба со безредија пред полициската академија во Атина.

Во текот на викендот во Солун се планирани протести против програмата за мерки за штедење во земјата.

Полицајци, пожарникари и пристанишни службеници ќе протестираат денеска во Атина против очекуваното намалување на нивните плати, како дел од мерките за штедење.