Бан Ки Мун бара од СБ да ги заштити Сиријците

Генералниот секретар на ОН Бан Ки МУн го критикуваше Советот за безбедност затоа што не презел акција да ги заштити Сиријците од масовно насилство, во кое досега загинаа повеќе од 20 илјади луѓе. На состанокот на Генералното собрание Бан побара итна акција, порачувајќи дека ОН не можат да стојат на страна, додека народот станува жртва на ужасни злосторства.
Инаку, Русија и Кина вложија вето на трите досегашни резолуции на Советот за безбедност, со кои беа предвидени санкции спрема режимот на сирискиот претседател Башар ел Асад, доколку не ги прекине нападите против сопствениот народ.