Одбележана 40 годишнината до терористичкиот напад на ОИ во Минхен

Денеска беше одбележана 40 годишнината од нападот на Олимписките игри во Минхен во 1972, кога беа убиени 11 израелски спортисти. Годишнината беше одбележана на воениот аеродром во близина на Минхен. На церемонијата присустуваат претставници на Германија и на Израел.
Нападот започнал на 5 септември рано утрото, кога осум Палестинци влегле во Олимпиското село и го зазеле местото каде престојувале израелските спортисти. Во замена за нив барале од затвор да бидат ослободени нивните соборци.
Се се завршило следниот ден, кога во престрелка загинаа 11 Израелци и еден германски полицаец.