На територијата на Македонија активни 13 пожари

На територија на Македонија до 16:00 часот активни се 13 пожари и тоа во општина Долнени, кај селото Небрегово како и кај селото Костинци кон село Црнилиште, во општина Петровец кај Катланово, во општина Студеничани кај селото Рамни Габер, во општина Куманово кај селата Орашец, Скачковце и Колитско.

Активни се и пожарите во Националниот парк „Јасен“, во општина Желино кај селото Ларце, во општина Македонски Брод кај селото Волче на место викано Црквица на падините на Сува Гора, потоа пожарите во општина Јегуновце на планина Љуботен и кај селото Вратница кон Беловиште, во општина Тетово кај селото Вејце кон село Селце. Активни пожари имаме и во општина Новаци кај селата Добровени и Совиќ како и во општина Гевгелија каде пожарот е активен.

Локализирани се пожарите во општина Македонски Брод на планината Добра вода и во општина Сопиште кај селата Патишка река и Дражилово.

За гасење на пожарите на територијата на државата ангажирани се пожарникари, луѓе од локалните подружници на ЈП „Македонски шуми“ и од Дирекцијата за заштита и спасување.