Путин нема да интервенира во случајот со „Пуси рајот“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нема да интервенира во случајот на „Пуси рајот“. Путин рече дека е свесен за ситуацијата во која се наоѓаат трите членки на панк групата, но додаде дека нема воопшто да се вклучи во случајот. Трите членки на „Пуси рајот“ се осудени на по две години затвор за изведувањето на перформанс во црква во Москва. Нивниот настап беше насочен против владеењето на Путин. Во понеделникот адвокатите на девојките ја отфрлија понудата да се извинат јавно на државната телевизија и ја повторија својата намера да поднесат жалба на одлуката на судот.