Шулц останува на изјавата дека Белград треба да ја призне Приштина

Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц .

Претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц останува на својата изјава за потребата од меѓусебното признавање на Белград и Приштина, за да влезат во Европската унија, соопштено е од неговиот кабинет.

Во својата изјава тој само го кажа тоа што е очигледно. Претседателот ја гледа судбината на Косово и Србија како идни членки на ЕУ, го цитираше „Дојче Веле“ појаснувањето од кабинетот на Шулц.

Во соопштението се додава дека претседателот на ЕП „ не сака да коментира што другите говорат за ова прашање“.

Изјавата на Шулц, ја демантираше европскиот комесар за проширување Штефан Филе, прецизирајќи дека не станува збор за потребата од признавање, туку за нормализација на односите со Косово.

Шулц е првиот европски политичар кој ја спомена потребата од меѓусебно признавање на Белград и Приштина во процесот на приклучување на ЕУ.