Расмусен загрижен за нападите на војниците на НАТО во Авганистан

Генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмусен.

Генералниот секретар на НАТО, Андрес фог Расмусен ја поделил својата „длабока загриженост “ со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи за зголемувањето на бројот на нападите врз војниците на НАТО од страна на припадници на авганистанските безбедносни сили. За време на телефонскиoт разговор меѓу Расмусен и Карзаи, Расмусен ги истакнал мерките кои се преземаат од страна на НАТО за да се намали бројот на нападите. И Карзаи уверувал дека авганистанските власти прават се што може за да се спречат т.н. „инсајдерски“ напади.