Авганистан- стотици војници уапсени за напади врз странските сили

Стотици авганистанските војници биле уапсени или протерани од армијата во обидите да се спречат напади врз НАТО војници од страна на членовите на авганистанските безбедносни сили. Портпаролот на Министерството за одбрана Захир Азими изјави дека нападите ја загрижуваат авганистанската влада. Во неделата, американската армија објави дека тие ја прекинуваат обуката на околу 1.000 авганистански полициски регрути со цел да се испита кој се се регрутира за да стане член на безбедносните сили. Досега оваа година повеќе од 30 пати авганистанските сили отворија оган врз нивните западни сојузници, при што загинаа најмалку 45 странски војници. Талибанските бунтовници ја презедоа одговорноста за многу од нападите, велејќи дека нивните борци се инфилтрирале во армијата и полицијата.