Филе: ЕУ не бара Србија да го признае Косово

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изјави дека Европската унија не бара од Србија да го признае Косово во замена за членство во Унијата.Тој по средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ рече дека условот на ЕУ за Србија, кој се однесува на Косово е нормализација на односите, а не признавање. Изјавата на Филе уследи откако претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц вчера изјави дека Брисел сака Србија да ја признае независноста на Косово. Српскиот премиер повтори дека неговата Влада е подготвена да го продолжи дијалогот со Приштина и оти ја поддржува иницијативата дијалогот да се води на високо ниво.