Продолжува мандатот на ЕУЛЕКС на Косово

Шефицата за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон го прифати предлогот на косовската претседателка Атифете Јахјага за продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС по завршувањето на надгледуваната независност на Косово. Во писмениот одговор, Ештон наведува дека ЕУЛЕКС својот мандат ќе го извршува врз основа на тоа што заеднички е договорено и дополнето со заклучокот на Советот на Европската унија. Исто така, во него се истакнува дека ЕУЛЕКС ќе им помогне на институциите, судските власти и агенциите за остварување на законите на Косово со цел дополнително да се зајакне независниот и мултинационален судски систем. Јахјага вчера писмено побара од Ештон да се продолжи мандатот на ЕУЛЕКС.