САД загрижени од затворањето опозиционери во Бахреин

Антивладини протести во Бахреин на 22 април 2012 година.

САД оценија дека е многу проблематично тоа што Апелациониот суд во Бахреин ги потврди затворските казни против 13 опозициски активисти што беа осудени за заговор за соборување на монархијата. Активистите се осудени на затвор од 5 години до доживотно поради учество во шиитските протести против сунитското кралско семејство.

Амнести интернејшнал повика на брзо ослободување на затворените и оцени дека пресудите се срамни.

Најголемата опозициска партија во земјата оцени дека пресудите претставуваат „политички прогон, лажна правда и црн ден за Бахреин“.