Ингушетија - Чеченија провоцира

Претседателот на Ингушетија, Јуну Бек Јевкуров и неговиот чеченски колега Рамзан Кадиров.

Претседателот на Ингушетија, Јуну Бек Јевкуров го обвини неговиот чеченски колега Рамзан Кадиров за провокации, поради забелешките на Кадиров за границата меѓу двете земји. Претходно, Кадиров изјави дека областите Сунза и Молгобек во Ингушетија се „домородни чеченските територии.“ Кадиров минатата недела ја обвини Ингушетија за присвојување на чеченски територии и повика да се утврди „јасна административна граница“ меѓу двете руски републики. Двете земји неодамна се скараа и околу тоа што се презема за да се спречат прекуграничните терористички напади од страна на милитантите.