Активни 11 пожари во Македонија

Илустрација.

Во Македонија во моментов се активни 11 пожари, во општина Куманово кај селата Скачковце и Колитско, во општина Маврово и Ростуша кај селото Бунец, во Националниот парк „Јасен“, во општина Желино кај селото Ларце, во општина Македонски Брод на планината Добра вода, како и кај селото Волче на место викано Црквица на падините на Сува Гора.

Како што соопшти Дирекцијата за заштита и спасување, се уште се активни пожарите во општина Јегуновце на планина Љуботен и кај селото Вратница кон Беловиште, како и во општина Тетово кај селото Вејце кон село Селце.

Пожари има и во општина Новаци кај селата Добровени и Совиќ, како и во општина Гевгелија.

Според ДЗС, локализирани се пожарите во Чашка кај селото Ораше на местото Орашка Чука и кај селото Горно Јаболчиште на местото Дибров Камен, во општина Студеничани кај селото Рамни Габер и во општина Сопиште кај селата Патишка река и Дражилово.