Мекдоналдс отвора вегетаријански ресторант во Индија

Интернационалниот синџир на ресторани за брза храна Мекдоналдс, соопшти дека ќе отвори прв целосно вегетаријански Мекдоналдс ресторант во Индија. Американската корпорација соопшти дека плановите се ресторанот да се отвори до средината на 2013 година во близина на Златниот храм во светион град на Сиките, Амритсар во северниот дел на Индија. Религиозните власти таму забранија консумирање на месо. Мекдоналдс има 271 ресторани во Индија.