Шулц- ЕУ сака Србија да го признае Косово

Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц.

Европската унија сака Србија да ја признае независноста на Косово, изјави претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц по средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ.
„Европскиот парламент не се занимава со такви детали, со тоа се занимаваат дипломатите, но ЕУ сака Србија да го признае Косово“, посочи Шулц.
Дачиќ наведе дека Србија е подготвена да соработува со ЕУ за сите прашања.
Нормализирањето на односите меѓу Белград и Приштина е основен услов за процесот на зачленување на Србија во Унијата.