Дачиќ-Србија посветена на дијалог со Косово

Ивица Дачиќ по разговорите со претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј во Брисел.

Српската влада е посветена на дијалогот со раководството на Косово и на спроведувањето на реформите за членство во Европската унија изјави српскиот премиер, Ивица Дачиќ по разговорите со претседателот на ЕУ, Херман Ван Ромпуј во Брисел.
Ван Ромпуј повика Србија „конструктивно да се вклучи во дијалогот со Косово кој се води под покровителство на ЕУ. Ван Ромпуј рече дека има и подобрување во односите со лидерите на Косова, а тоа е „клучен услов“ за следниот чекор, почетокот на преговори за членство во ЕУ.
ЕУ и додели кандидатскиот статус на Србија во март, пред изборите.