Бугарија, засега, се откажува од влез во еврозоната

Симеон Ѓанков

Бугарија се откажува од плановите за воведување на еврото како одговор на растечката економска криза и неизвесноста околу иднината на Европската унија, изјави бугарскиот министер за финансии Симеон Ѓанков за Волстрит Џурнал.
"Во овој момент не гледам никаква корист од влез во еврозоната туку само трошоци", изјави Ѓанков.
Најсиромашната членка на ЕУ последна е во низата држави во кои опаѓа ентузијазмот за влез во еврозоната што долго беше стратегиска цел на сите влади во таа балканска држава. Бугарија е една од најмалку задолжените држави во ЕУ и се обидува да држи строга фискална дисциплина за да избегне ризици за својата валута.