Ромпуј бара напредок во односите на Србија со Косово

Претседателот на Европскиот совет Херман ван Ромпуј денеска изјави дека клучен услов за следниот чекор на Србија кон европскиот пат е видлив и одржлив напредок во односите со Косово и примена на сите постигнати договори.
Ван Ропмпуј ова го изјави по средбата со српскиот премиер Ивица Дачиќ во Брисел.
Дачиќ пак наведе дека Србија е подготвена да ги примени сите бриселски договори и да го продолжи дијалогот на високо ниво, но побара да не се поставуваат нови услови.