Индија и Кина повторно ќе имаат заеднички воени вежби

Индискиот министер за одбрана А.К. Ентони

Министрите за одбрана на Индија и Кина се договорија за продолжување на заедничките воени вежби по 4 годишен прекин. Ова е договорено по денешната средба во Њу Делхи меѓу индискиот министер А.К. Ентони и кинескиот министер Генерал Лијанг Гуангли.
Двата азиски гиганти имаа проблематични односи од пограничната војна во 1962 година поради нерешени територијални прашања. Кинеското воено засилување ја загрижува Индија, која според аналитичарите, е долготрајно поголема закана од локалниот ривал Пакистан.