Путин прави промени во Советот на Росатом

Рускиот претседател Владимир Путин смени 5 од девет члена на супервизорскиот Совет на руската нуклеарна компанија Росатом. Путин за нов преседавач на Советот го наименува вице премиерот Дмитриј Рогозин.
На тоа место досега беше првиот вице премиер Игор Шувалов. Кремљ не даде објаснување за промените во компанијата која контролира нуклеарна компанија, како и компании за оружје, истражувачки институти и безбедносни агенции.