На повидок фискален договор меѓу Швајцарија и Грција

Грчкиот Премиер Андонис Самарас

Официјални лица од Швајцарија и Грција разговараа во Берн за можности за склучување билатерален фискален договор за одданочување грчки непријавени сметки во Швајцарија.
Државниот секретар на Швајцарија за меѓународни финансиски прашања, Михаел Амбил за време на средбата со грчкиот заменик министер за финансии Јоргос Мавраганис разговарал за склучување фискален договор како што веќе има Швајцарија со Австрија и Велика Британија.
Според тој модел, анонимноста на сметките и натаму ќе се почитува, но ќе бидат оданочувани од Владата во Берн која наплатениот данок ќе го доставува во државата од каде е сопственикот на сметката.